Оливер Вархељ: Косово ги исполни условите за либерализација, ние мора да ги убедиме земјите членки на ЕУ

Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархељ денес за време на престојот во Косово рече дека прават напори граѓаните на Косово да добијат визна либерализација, но за ова земјите-членки на ЕУ мора да бидат убедени.

„Ние се обидуваме да ги убедиме земјите-членки да понудат либерализација на граѓаните на Косово, бидејќи останува нашата процена дека сте ги исполниле сите услови, но само нашата процена не е доволна, ние мора да ги убедиме земјите-членки. Ова може да се постигне само преку работа и премиерот го прави тоа, за да нема злоупотреба на азил.“ изјави Вархељ.

Премиерот Авдула Хоти изјави дека за четири месеци откако тој раководи со владата зборот корупција е тргнат од јавниот дискурс. Тој додаде и дека за дијалогот со Србија многу е важно постоењето на социјален консензус. Сепак, доколку нема конечен договор Косово и Србија ќе останат како две независни соседни држави кои не се признаваат.

„Ние сме посветени на дијалог 1 месец 2 месеци 2 години. Ако не постигнеме конечен договор, нема што да правиме, продолжуваме како две независни соседни држави кои не се познаваат едни со други“ рече Хоти.

Еврокомесарот се состана и со претседателката на косовскиот парламент, Вјоса Османи, а потоа одржа говор пред членовите на Собранието на Косово. Таа пред пратениците во собранието рече дека состојбата со визната либерализација за граѓаните на Косово не и прави чест на Европската унија.

„Косовските институции се свесни дека патот кон ЕУ бара посветеност далеку од зборови, бара конкретни активности, координација и точност во спроведувањето на нашите обврски. Ние разбираме дека процесот на евроинтеграција е маратон, но дури и маратонот има крај. Цела една деценија, косовските институции не само што се обидоа да ги исполнат критериумите потребни за визна либерализација, туку ги исполнија сите, како што ги прифати и самата Европска комисија. Значи, нелиберализацијата на визите не им претставува чест ниту на самата Европска унија ниту на земјите-членки. Маратонот што го започнавме во 2018 година треба да има епилог. Потребен ни е маратонец кој ќе даде порака дека граѓаните чекаат со години, бидејќи на Косово сега му треба визна либерализација“, рече Османи.

Оливер Вархељ не се сретна со претседателот Хашим Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот