Олимписката шампионка Исинбаева го опиша „пеколот“ со процедурите во Токио

Фото: EPA/KERIM OKTEN

Познатата руска атлетичарка, денес членка на Меѓународниот олимписки комитет Јелена Исинбаева, пристигна во Токио од каде ги известува сите учесници, јавноста, нејзините сонародници, целиот свет, за сите процедури кои сите спортисти на претстојните Олимписките игри мора да ги почитуваат.

За сето она што ги чека на самото место кога станува збор за примена на мерките на организаторите во борбата против коронавирусот.

Во дисциплината скок со стап Исинбаева беше трикратна светска и олимписка шампионка од светските првенства во 2005 и 2007 година и Олимписките игри во 2004 и 2008 година. Таа е инаку првата жена која што успеа да прескокне 5,00 метри.

Таа во шест точки ги објави процедурите во Токио:

1. Тест на коронавирус се прави секој ден за време на престојот во Токио (ова е одлука на Меѓународниот олимписки комитет).

2. Карантин кој не е строг трае 14 дена за сите членови на олимписките тимови. За тоа време, скоро ништо од хотелските објекти, спа центар, фитнес, базени и така натаму не може да се користи. Нема излегување во градот, обиколување низ градовите, нема комуникација со локалното население … Забрането е и посета на олимпиското село за време на карантин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YELENA ISINBAEVA (@isinbaevayelena)



3. Членовите на олимписките екипи можат да присуствуваат на кое било натпреварување, но тие прво мора да резервираат место на трибините затоа што се строго ограничени.

4. Препорачливо е да се одржува дистанца од натпреварувачите, која мора да биде два метра доколку комуницирате со нив.

5. Задолжително е да се користи апликацијата (COCOA) и да се носат маски секогаш и секаде.

6. После двонеделен умерено строг карантин, сите хотелски услуги ќе бидат отворени за сите членови на олимписките делегации. Исто така, ќе им биде дозволено да користат јавен превоз и да го обиколат градот. Резервациите за сите спортски настани остануваат, како и забраната за влез во Олимпиското село.

Кои ќе бидат најголемите ѕвезди на ОИ во Токио: Новак, Дурент па сите останати

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот