ОЈО бара казна за маж кој не седел дома во карантин

обвинителство ојо

Јавен обвинител на судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина на 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Основното јавно обвинителство од Кочани поднесе казнен налог за маж кој сторил кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Во пријавата до Основнииот суд во градот пишува дека за време на пандемија прогласена од Светската здравствена организација, не постапил согласно прописите, мерките и наредбите за сузбивање и спречување на заразната болест  COVID 19 донесени од надлежните органи.

Обвинетиот на 16 март се вратил од земја со висок ризик од зараза, при што на граничниот премин кон Македонија бил запознаен со обврската за самоизолација за која потпишал и изјава. Но,  на 18 март го напуштил домот и дошол во ОВР Кочани.

Поради стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани на судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина на 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот