Официјално: Познат датумот за првото „Ел Класико“, БАРСА-РЕАЛ! – Слободен печат
СпортФудбал

Официјално: Познат датумот за првото „Ел Класико“, БАРСА-РЕАЛ!

Ваквата одлука ја донесе Комитетот за натпреварување, анализирајќи ги предлозите на двата клуба.

Дерби мечот од 10. коло во најдобрата шпанска лига помеѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи на 18 декември 2019 година на „Камп Ноу“.

Оваа информација потврди официјалната веб-страница на Фудбалската федерација на Шпанија, а терминот за почеток на натпреварот сеуште не е познат.

Ваквата одлука ја донесе Комитетот за натпреварување, анализирајќи ги предлозите на двата клуба, при тоа разгледувајќи го и извештајот на претставниците на федерацијата за можноста за термин на натпреварот.

Традиционалното „Ел Класико“ првично треба да се одигра на 26 октомври, но поради масовните протести во Каталонија истото беше одложено.

Претходно, Лигата се спротивстави на одржувањето на натпреварот на 18 декември, бидејќи дуели од Купот на Шпанија ќе се играат тој ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close