Нова опција: Ел Класико „патува“ 10.000 километри?

twitter.com/English_AS

Барселона ги одби сите предлози на „кралевите“, шпанската фудбалска федерација и „Ла Лига“ да се игра на друг терен првото „Ел Класико“ за сезонава кое според распоредот треба да се игра на 26 октомври на „Камп Ноу“.

Челниците на шпанскиот фудбал, но и комплетната власт на оваа земја, се загрижени поради натпреварот кој е под знак прашалник поради политичката напнатост и тензија на релација Мадрид – Барселона (Каталонија).

Барса одбива да се промени домаќинството на Ел Класико и предлогот второто дерби за оваа сезона меѓу двете екипи кое е закажано за март наредната година, да се одржи на „Камп Ноу“.

Моментно најдобрата опција е да се одложи овој натпревар, а неколку шпански медиуми веќе најавуваат дека таа опција е избрана, и дека мечот според планираното ќе се игра на „Камп Ноу“, но на 18 декември.

Сеуште нема официјална потврда, а се шпекулират и други датуми. Сега се појави и трета опција, односно аргентинските медиуми пишуваат дека градот Буенос Ајрес се нуди да го организира „Ел Класико“ кон крајот на овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот