Официјално: Унаи Емери се врати во Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Шпанскиот стратег Унаи Емери е нов тренер на Астон Вила која неодамна го отпушти Стивен Џерард.

Англискиот клуб беше во голема криза и го смени Џерард, а Астон Вила без него на клупата го победи Брентфорд со 4:0. Набрзо Вила донесе и одлука за нов стратег и на местото на Џерард дојде Унаи Емери кој во Премиер лигата своевремено го водеше Арсенал.

Емери доби петгодишен договор и ветена му е пристијна сума за трансфери во наредниот период. Во изминатото лето Астон Вила потроши 70 милиони евра на засилувања. Емери имаше прилика и пред една година да се врати во Англија, но тогаш го одби Њукасл и остана во Виљареал.

Во Виљареал испиша историја станувајќи првиот тренер кој со овој клуб ја освои Лигата Европа, а освен тоа направи подвиг стигнувајќи до минатогодишното полуфинале во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот