Oфицијално: Руските и белоруските тенисери ќе можат да играат на Вимблдон

Фото:. EPA-EFE/DEAN LEWINS

Руските и белоруските тенисери повторно ќе може да играат на најголемиот тениски турнир Вимблдон откако денес се донесе одлука да се тргне забраната поради која не можеа да биде дел од овој турнир.

Ваквите санкции се наметнаа од почетокот на воениот конфликт во Украина, а по долги разговори денес и официјално се даде зелено светло да се вратат од оваа година. Според одлуката тие ќе можат да настапт како неутралени тенисери.

Меѓутоа ќе мора да исполнат два услови, да не го поддржуваат рускиот и белорускиот режим и да не бидат финансирани од фондови или компании кои се директно управувани од властите во оваа земја.

Оваа година Вимблдон ќе стартува на 3-ти јуни, а тенисерите ќе имаат дозвола за настап и за турнирите кои традиционално се играат пред Вимблдон, како Квинс и Истбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот