Официјално од денес во БиХ забрането негирање геноцид и величење на воени злосторници

Фото: ba.n1info.com

Во Босна и Херцеговина од денеска официјално е забрането негирање на геноцид и други воени злосторства, како и величење на воените злосторници.

Измените и дополнувањата на Кривичниот законик на БиХ со кои се пропишуваат овие одредби беа објавени вчера во Службен весник, а Законот денеска стапува во сила.

На 23 јули, високиот претставник во заминување во БиХ Валентин Инцко објави дека ги искористил своите овластувања од Бон и наметнал измени во Кривичниот законик на БиХ.

Политичарите од Република Српска најавија дека нема да ги почитуваат одлуките на Инцко.

Обвинителството на БиХ треба да го спроведе Законот и да ги казни оние кои и понатаму ќе продолжат да негираат геноцид или да слават воени злосторници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот