Официјално: Никола Матлиески е новиот тренер на ГРК Тиквеш

фото: ГРК Тиквеш 2014

Денеска ракометниот клуб Тиквеш ја информираше јавноста дека нов тренер на екипата е Никола Матлиески.

Доаѓа како замена за поранешниот македонски селектор Данило Брестовац кој се пресели во Обединетите Арапски Емирати.

Матлиески претходно беше дел од екипите на Металург и Пролет, а последниот ангажман го имаше на клупата на Голден Арт.

Моментно во нашиот ракометен шампионат ГРК Тиквеш се наоѓа на четвртото место и со амбиции да обезбеди место на европската сцена.

До крајот на натпреварувачката сезона клубот од Кавадарци ќе игра уште против Еурофарм Пелистер 2, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот