Официјално: Маурисио Покетино е новиот менаџер на Челси

фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Како што и се најавуваше, тоа денеска доби потврда од клубот, Маурисио Покетино е новиот менаџер на Челси.

Аргентинецот официјално ќе ги започне обврските во лондонскиот клуб од 1 јули 2023 со двегодишен договор, со опција соработката да биде продолжена на уште една година.

51-годишниот играч има неколку сезони искуство во Премиер лигата, покрај тренерската работа во Шпанија и Франција.

Тој беше на клупата на Пари Сен Жермен и го водеше клубот до титулата во „Лига 1“ и Купот на Франција.

Од „Стемфорд Бриџ“ велат дека искуството на Покетино, стандардите на извонредност, лидерските квалитети и карактерот ќе му служат добро на клубот. Неговиот етос, тактички пристап и посветеност на развојот го направи исклучителен кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот