Официјално: Чедомир Јаневски повеќе не е тренер на АЕЛ Лимасол

Чедомир Јаневски со нов тренерски предизвик во Кипар/фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Искусниот македонски стратег, Чедомир Јаневски повеќе не е тренер на АЕЛ Лимасол.

Утрово кипарскиот клуб на својот официјален сајт ја потврди разделбата со Јаневски Во Кипар Јаневски добро започна, но на последните пет натпревари тимот победи само на еден и една средба одигра нерешено. Во овој момент АЕЛ е деветти со 39 бодови.

Jaневски претходно во кариерата беше тренер на Олимпијакос Никозија, Енозис и Етникос на Кипар, додека беше и во Беверен, Монс, Мускрон, го водеше Вардар во Лигата на Европа, претходно беше назначен за прв тренер на Црвена Звезда, а беше асистент селектор на репрезентацијата на Јужна Африка.

„Раководсвото на АЕЛ изразува благодарност до господинот Јаневски за неговиот придонесе во нашиот тим и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, oбјави АЕЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот