Официјално: Бруклин нетс го суспендираше Кајри Ирвинг

Кајри Ирвинг, кошаркарот на Бруклин нетс/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг е суспендиран на неодредено време, соопшти клубот на својата официјална веб-страница. Американскиот плејмејкер е суспендиран поради неговите изјави и однесување на социјалните мрежи.

Ирвинг на својот Твитер профил објави линк од филм кој содржи теории на заговор за Евреите, т.е. антисемитска содржина.

Бидејќи тој не излезе во јавноста да се извини и да ги објасни своите постапки, клубот реши да реагира.

– Во текот на последните неколку дена постојано се обидувавме да му помогнеме на Ирвинг да разбере колку се опасни и штетни неговите зборови и постапки. Мислевме дека образовниот пат е правилен и дека постигнавме напредок во заедничката работа против омразата и нетолеранцијата. Денес сме убедени на спротивното, бидејќи за време на прес-конференцијата Кири одби недвосмислено да ги отфрли антисемитските убедувања, но и да прифати дека во контроверзниот филм има омраза. Не беше првпат да има можност, но не успеа да го објасни тоа – соопштија од Бруклин нетс.

НБА клубот одлучи Ирвинг да отслужи суспензија без плата додека не исполни серија објективни мерки за поправка кои се однесуваат на штетното влијание на неговото однесување и исслужениот период на суспензија не биде помал од пет натпревари.

Рекордерот Никола Јокиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот