Рекордерот Никола Јокиќ

Никола Јокиќ со своите игри заслужи повторно да игра со најголемите НБА ѕвезди/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Екипата на Денвер славеше против Оклахома со 120-110 во последното коло од НБА-лигата, а Никола Јокиќ со 79-от „трипл-дабл“ дојде до нов рекорд, минувајќи го легендарниот Вилт Чемберлен.

Јокиќ стана центарот со најголем број „трипл-дабл“ ефекти во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. На дуелот со Оклахома, Јокиќ постигна 15 поени, како и скор од 13 скока и од 14 асистенции.

Денвер дојде до петтата победа на стартот од сезоната, сега со скор од пет победи и три порази на 4. место во Западната конференција. Најефикасни во таборот на Денвер беа Арон Гордон со 27 поени и Џамал Мареј со 24 поени.

Крајно неизвесно беше на дуелот меѓу Орландо и Голден стејт, каде домаќинот помалку неочекувано дојде до победа од 130-129. Сагс постигна 26 поени и дополни со девет асистенции кај Орландо, Паоло Банкеро дополни со 22 поен, а Франц Вагнер мечот го заврши со 19 поени. Кај гостите се издвои Стеф Кари со 39 поени и девет асистенции, Клеј Томпсон запиша 27 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот