Официјално: Бензема го продолжи договорот со Реал Мадрид

Французинот уште две години во „кралскиот“ клуб/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Денеска Реал Мадрид објави на својот клупски веб сајт дека е продолжена соработката со еден од своите клучни играчи во екипата.

Карим Бензема и официјално го продолжи договорот на уште две години, односно ќе биде меѓу „кралевите“ до 30 јуни 2023 година.

Како и обично, од клубот не беа соопштени детали, иако медиумите претходните денови наведоа дека клаузулата во новиот договор ќе биде и дека ослободителната клаузула за францускиот напаѓач е една милијарда евра.

Минатата сезона во шпанската „Ла Лига“ имаше 23 голови од 34 настапи, а новата сезона пред шест дена ја стартуваше исто така одлично со два погодоци во гостинската победа над Алавес (1:4).

Пред да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“ беше дел од Лион, а од 2009/2010 со Реал трипати беше првак на Шпанија, а четири пати се закити со титулата во Лигата на шампионите.

Годинава ќе го прослави својот 34 роденден во декември, и би можел да ја заврши кариерата токму во дресот на мадридскиот гигант, но не би било изненадување пред завршувањето на својата кариера да замине во некоја егзотична земја или да се врати во родниот Лион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот