Официјално: Александар Васоски е новиот тренер на ФК Вардар

васоски
фото: Денис Дуковски/fkvardar.mk

Фудбалскиот клуб Вардар денеска објави дека нов тренер на екипата е Александар Васоски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.

Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со „црвено-црните“ има освено вкупно пет шампионски титули и два национални куп трофеи.

Од клубот веруваат дека Хаџиевски со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васоски, но и за целокупниот тим.

– Особено нè радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет – информираат од ФК Вардар.

Првиот официјален натпревар за тренерот Васоски, како и за Хаџиевски ќе биде во среда, во рамките од Првата македонска лига против Силекс од Кратово на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари во Скопје со почеток од 16.30 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот