Одрон оштети куќи во Тафталиџе – Слободен печат
Хроника

Одрон оштети куќи во Тафталиџе

Одронот резултирал поради попуштени потпорни ѕидови на ископ за зграда.

Вчера во МВР е пријавено дека на улицата „Алжирска“ бр.22 во Скопје има ископ, предвиден за изградба на станбена зграда и дека попуштиле потпорните ѕидови. Се создало свлечиште на земјата и биле оштетени куќите со бр.24 и бр.20, како и дел од коловозот на улицата.

„Утврдено е дека инвеститор на објектот во изградба е градежната фирма „Сити Билд“ ДООЕЛ од Скопје а на местото на настанот дошло и одговорно лице од фирмата Н.И. (37) од Охрид.

Од страна на полицијата доставено е и известување до одговорно лице од Општина Карпош за да го извести градежниот инспекторат од Општина Карпош со цел да се изврши проценка како на оштетувањата на куќите и коловозот, така и дали се превземени сите мерки за обезбедување на ископот.

По првичните проценки на тим од општина Карпош побарано е да се пренасочи сообраќајот по улица „Алжирска“ на делот каде што е оштетен коловозот со најава дека во текот на утрешниот ден повторно ќе се излезе на местото на настанот за да се извршат дополнителни проценки“, извести МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close