Одложено судењето за „Тотал“

Латас / СП. архива

Поради отсуство на член на судечкиот совет одложено е денешното рочиште за случајот „Тотал“ каде обвинет е новинарот и поранешен уредник во Сител, Драган Павловиќ – Латас. Процесот е одложен за 17 октомври.

Предметот е во доказна постапка. Јавниот обвинител Љубомир Јовески случајот „Тотал“ откако како предмет го доби од СЈО повторно и го довери на обвинителката Елизабета Јосифоска.

Случајот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ – Латас кој се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121.000 евра, а Павловиќ – Латас за 63.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот