Одложена регулативата на ЕУ за медицински уреди

ЕК: Медицинската индустрија треба целосно да се посвети на борбата против Ковид-19.

Европската унија го одложи за една година спроведувањето на регулативата за медицински уреди, со што се ослободува енергијата и ресурсите на медицинската индустрија за таа да се посвети целосно на предизвикот од коронавирусот, порача Европската комисија.

Регулативата на ЕУ за медицински уреди требаше да почне да се имплементира на 26 мај годинава, но ЕУ институциите оценија дека во контекст на санитарната криза, притисокот врз здравствениот сектор како и врз властите и економските оператори може да ја загрози борбата против пандемијата.

Оваа регулатива има за цел да ги олесни правилата на внатрешниот пазар на ЕУ во однос на медицинските уреди и направи и да обезбеди висок степен на заштита за пациентите и јавното здравје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот