Одлично напредува изградбата на градинката во општина Бутел, тврди градоначалникот Костовски

Фото: Општина Бутел

Новата детска градинка која се гради во дворот на основното училиште „Свети Климент Охридски” напредува со одлична динамика и градежните активности се одвиваат според предвиденото, оцени градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Тој потсети дека вкупната површина на детската градинка изнесува околу 950 м2 во првата фаза ,а втората фаза опфаќа 200 м2.
Инвестиција изнесува 35.000.000 денари, средства обезбедени од ТАВ програмата.

Капацитетот на градинката ќе биде за 120 деца а целиот објект ќе биде едно ново модерно здание кое ќе ги задоволи сите потреби на малите деца. бата на градинката во општина Бутел Оваа градинка целосно ќе ја релаксира и задоволи потребата по однос на просторните капацитети за прием на дечиња во Општина Бутел – информира Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот