ОДГОВОР НА ЧЕСТО ПРАШАЊЕ: „За“ или „против“ спиење со градник?

градник

Жените се многу поделени во однос на мислењето околу ова прашање. Едни спијат со градник, други воопшто не го носат, а ги има и оние кои имаат градници кои ги носат само за спиење.

Постоеја и гласини дека носењето градник може да биде причина за рак на дојка, но нема издржано научно тврдење околу ова. Всушност, вистинскиот одговор на ова прашање зависи од самата личност.

Носењето градник за време на спиење е личен избор, исто како и типот на градник кој би го избрале. Нормално, секој избор има и предности и негативности, но ниту една не е поврзана со заболување од рак.

Единствено, градниците со жици и перничиња може да притискаат, поради менувањето положби и да предизвикаат непријатно чувство. Најважно, секако е, да е вистинската големина, бидејќи затегнатиот градник може да направи проблеми со протокот на лимфата во жлездите.

Идејата за посебен градник за спиење е практична само од аспектот на неговата трајност. Ако го носите истиот градник цел ден, може да се „истроши“ и да не ја нуди веќе истата потпора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот