Кичевскиот суд ќе остане само со тројца судии

Судии судија судство
Илустрација: судија / Фото: Архива на „Слободен печат“

Од ден на ден работата на кичевскиот суд станува се потешка, поради малиот број судии, објави ТВ 21.

Проблемот со недостигот на судии почна од 2020 година, вели претседателката на судот во Кичево, Амдије Зенку.Од вкупно 17, овој суд сега функционира со 7 судии, меѓу кои и претседателот на судот.

„Во моментов имам 7 судии, а од 7 ноември имам судија делегиран од гостиварскиот суд за период од 6 месеци. Годинава, на 31 декември, еден од овие судии ќе се пензионира, додека во првите 6 месеци од наредната година ќе се пензионираат уште двајца судии, и остануваме тројца судии и јас-вели Амдије Зенку.

Таа додава дека испратила барање за пополнување на бројот на судии.

„Испративме барања до Судскиот совет и секој месец испраќаме извештаи. Се зголемува бројот на предмети во судот во Кичево, а секој судија има над 500-600 предмети во постапка“.

Ако од следната година, не се делегираат судии од другите градови, работата на судот и решавањето на предметите во овој суд ќе бидат отежнати уште повеќе, додава претседателката на кичевскиот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот