Од ЕЛЕМ најавуваат: Завршната постапка за тендерот за јаглен е во тек, изборот во четврток

РЕК Битола
РЕК Битола/Фото: МИА

Која фирма и за колку пари ќе увезе 1,2 милиони тони јаглен за ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола, најверојатно ќе се знае во четврток. Јавниот повик за набавка зврши на 18 октомври. Од Кабинетот на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, за „Слободен печат“, соопштија дека моментално е во тек завршната постапка, а официјализирањето на изборот се очекува за утре.

-Бараната информација ќе може да ја добиете веројатно во текот на утрешниот ден, кога се очекува официјализирање на изборот. Моментално е во тек завршната постапка – соопштија од АД ЕЛЕМ.

Јавниот повик за набавка на јаглен првично требаше да заврши на 13 октомвви, но беше продолжен на барање на странските компании за да ја комплетираат документацијата. Во меѓувреме ќе продолжи засилениот ископ на домашен јаглен, но за да можат во краток рок да се вклучат максималните капацитети на термоелектраните, потребно е да се набави јаглен. Од ЕЛЕМ очекуваат дека постапката успешно ќе се реализира. До првиот рок за достава на понудите, се јавија фирми од Македонија, Грција и Косово. Неофицијалните проценки се дека набавката ќе чини над 50 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот