Од 3.700 активни случаи на Ковид-19, во Скопје 1.426, најмногу во Чаир, Аеродром и Кисела Вода

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на Ковид-19, најмногу случаи се регистрирани во Скопје 1426. Според дистрибуцијата на активни случаи по општини во Скопје најмногу има во Чаир-168, следи Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158.

Гази Баба има 139 активни случаи, Центар и Карпош по 128, Шуто Оризари има 113, а Ѓорче Петров 101.
Следат општините со помалку од 100 активни случаи на нивна територија:
• Бутел – 92
• Сарај – 70
• Студеничани – 54
• Шуто Оризари – 113
• Арачиново – 24
• Илинден – 23
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 10
• Сопиште – 20
• Зелениково- 8
• Странец – 8

• Нераспределен- 4

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891,  бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  од направени 1621 тестови регистрирани се 138 нови случаи на Ковид-19, од нив најмногуи се во Скопје – 47 новозаболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот