Од 22 до 28 јануари Собранието ќе ги избере техничката влада, новиот собраниски спикер и нов пратеник

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Неделата по Водици, односно од 22 до 28 јануари Собранието ќе ги констатира оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Парламентот Талат Џафери, информираат од Собранието по одржаната прва координација годинава на шефовите на пратеничките групи со Џафери.

За оставката на премиерот ќе биде информиран шефот на државата Стево Пендаровски кој ќе треба да го додели мандатот за технички премиер, кој според договорот помеѓу владините партнери СДСМ и ДУИ, треба да биде Талат Џафери. Нов претседател на Собранието ќе биде актуелниот координатор на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

По ова ќе следи избор на техничката влада, односно министри, заменици министри и дополнителни заменици министри. Таа недела ќе треба да се констатира и престанок на мандат на пратеник, во случајов на Џафери и верификација на мандат на нов пратеник од Петата изборна единица.

Од Собранието информираат дека до крајот на мандатот на актуелниот собраниски состав ќе нема седница за пратенички прашања. Првата седница за пратенички прашања новиот парламентарен состав ќе ја одржи по 100 дена мандат на новата владата избрана на парламентарните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот