Обвинителството за ,,Слободен печат” тврди дека обдукцискиот наод за Вања уште не е изготвен

Фото: Слободен печат

Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина, велат оттаму за Слободен печат.

Обдукцискиот наод за Вања Ѓорчевска уште не е изготвен и не е доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојденвно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои може да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, додаваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот