Обвинителството го заврши увидот за причините за пожарот во „Глобал”

До крајот на денот и крим техничарите од Министерството за внатрешни работи треба да ги завршат неопходните испитувања и најверојатно од утре веќе ќе може да да се започне со расчистување на остатоците од пожарот во „Глобал”.

Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал” во Струмица, соопштија од ОЈО Струмица.

До крајот на денот и крим-техничарите од Министерството за внатрешни работи треба да ги завршат неопходните испитувања и најверојатно од утре веќе ќе може да се започне со расчистување на остатоците од пожарот во „Глобал”.

Во пожарот, кој избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот на трговскиот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот