Обвинети седум лица за „камионот на смртта“ во кој загинаа 39 виетнамски мигранти

Истрагата откри дека обвинетите им помогнале на 67 лица илегално да отпатуваат во европските земји во обид да обезбедат подобра егзистенција.

Полицијата во Виетнам обвини седум лица во врска со смртта на 39 виетнамски мигранти чии тела беа пронајдени во камион ладилник со приколка во близина на Лондон минатиот октомври.

Државната новинска агенција соопшти дека осомничените биле обвинети за организирање и посредување во нелегална емиграција.

Истрагата откри дека обвинетите им помогнале на 67 лица илегално да отпатуваат во европските земји во обид да обезбедат подобра егзистенција.

Виетнамската полиција, исто така, ја повика Владата да побара помош од Интерпол за издавање меѓународна потерница за еден од осомничените кој живее во Кина. За случајот се обвинети и неколку лица од Велика Британија, осомничени за убиство или помагање при илегална имиграција.

Телата на 39 лица беа пронајдени на 23 октомври минатата година во англискиот град Грејс, источно од Лондон.

Прочитајте и...  Поранешниот еквадорски претседател осуден на осум години затвор за корупција

Полицијата соопшти дека жртвите биле од Виетнам, на возраст меѓу 15 и 44 години.

Прочитај повеќе

Еден случај од Крушено, четири новозаболени во Прилеп

Слободен печат

Афроамериканците се повеќе погодени од корона вирусот. Зошто?

Слободен печат

Дополнителни 30 дена притвор за насилниците од Штип

Слободен печат

Владата ја усвои мерката за посебен режим за движење на лицата со попреченост

Слободен печат

Се урна мост во Италија, повреден е возач на камион

Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бектеши со порака до угостителите: Не ви се точни бројките, првин платете даноци – Ова не е време за уцени, инспекциите ќе продолжат

Слободен печат

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Американците без осигурување нема да го плаќаат лекувањето од коронавирус

Тестовите на вработените негативни, гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе биде отворен

Слободен печат

Франција: БДП намален за околу шест отсто во првото тримесечие од 2020

Починал човек додека трчал на кеј во Скопје

Слободен печат