Обвинение за убиството во Тафталиџе

Илустрација/Архива на Слободен печат

Обвинетиот на 20 декември лани со умисла убил едно лице, а уште едно се обидел да го убие со пиштол „чешка збројовка“ кој го поседувал без дозвола

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд достави обвинителен акт против едно лице за убиство и за обид за убиство, како и за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Обвинетиот на 20 декември лани со умисла убил едно лице, а уште едно се обидел да го убие со пиштол „чешка збројовка“ кој го поседувал без дозвола.

Оштетените татко и син на критичниот ден дошле пред дуќанот на обвинетиот на улица Московска и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања. Тој без да отклучи го извадил пиштолот што го држел без дозвола и го насочил кон нив. Во тој момент тие се оддалечиле, па обвинетиот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и со пиштолот започнал да пука кон нив. Притоа на еден од оштетените му нанел пет огнострелни повреди во градниот кош, стомакот и десната подлактница. Како резултат на повредите кај лицето дошло до нагло губење големо количество крв и тој починал на лице место. Другиот оштетен се здобил со тешки телесни повреди“, соопшти Обвинителството.

До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што и натаму опстојуваат основите заради кои оваа мерка беше првично одредена – опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело или да го доврши кривичното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот