Обвинение за момчето кое го прегази хирургот Ѓорѓи Јота

Полиција / Фото: МИА

Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за примена на санкција спрема дете во ризик постаро од 14 години, кое извршило дејствија кои со закон се определени како кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и кривично дело иеукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако немал возачка дозвола, тој со брзина поголема од дозволената за населено место управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин, ваквата брзина не му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин.

Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.

Бидејќи постои реална опасност детето да се даде во бегство, да ја попречува постапката или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот