Обрнете внимание на симптомите: Четири вида рак што ги напаѓаат мажите

Премногу мажи умираат од рак денес. Рак на белите дробови, рак на желудникот, рак на дебелото црево и рак на простатата се најчестите малигни заболувања што ги напаѓаат мажите.

1. Рак на белите дробови

Ракот на белите дробови е една од најчестите малигни болести, кој зафаќа различни групи луѓе, вклучувајќи ги и младите и непушачите, а воедно е и водечка причина за смрт меѓу сите видови карциноми кај жените и кај мажите. Со развојот на медицината и технологијата како и со постојаното кревање на свеста, овој тренд се менува, па статистиката сепак покажува позитивна промена.

2. Рак на желудникот

Ризикот од рак на желудник расте со возраста; претежно станува збор за луѓе постари од 55 години. Мажите двапати почесто се разболуваат од жените. Долготрајната инфекција со бактеријата хеликобактер пилори што живее на слузницата на желудникот е една од примарните причини за рак на желудникот. Ризикот за појава на карцином е поголем кај луѓето што имаат или имале заболен член во семејството, со некои ретки генетски нарушувања што го зголемуваат ризикот од појава на рак на желудникот.

Во раната фаза на ракот на желудник, можно е да не се забележат симптомите или само блага непријатност со дигестивниот тракт. Иако симптомите можат да бидат благи и лажливи, ако не поминуваат или се влошат, треба веднаш да се упатите на медицински преглед. Во понапредната фаза, може да се појават и симптоми какви што се крв во столицата, повраќање, рефлукс, губење на апетитот…

Најчесто се јавува кај луѓето на возраст над 55 години и е двојно почест кај мажите. Бактеријата хеликобактер пилори често е одговорна за настанувањето на ракот на желудникот, а другите фактори вклучуваат прекумерно консумирање сол, сушена, обработена храна, алкохол, цигари, присуство на чиреви или изложеност на одредени хемикалии.

3. Рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево е втората најчеста форма на карцином кај мажите (по ракот на белите дробови) и кај жените (по ракот на дојка).
Ризикот од развој на рак на дебелото црево значително се зголемува по 40-годишна возраст, а 90 отсто од сите видови карциноми се откриени кај луѓе постари од 50 години. Секоја личност постара од 50 години носи 5 отсто ризик дека до 74-тата година од животот ќе развие рак на дебелото црево, односно 2,5 отсто ризик дека ќе умре од овој вид рак.

4. Рак на простата

Ракот на простата е малиген тумор што потекнува од клетките на простатата. Во принцип, туморот на простатата најчесто расте бавно и долга низа години останува ограничен на жлездата. За тоа време, туморот создава малку или никакви симптоми и/или надворешни знаци.
Меѓутоа, сите карциноми на простата не се однесуваат исто. Некои агресивни типови рак на простата растат и се шират побрзо од другите и можат да предизвикаат значително скратување на животниот век кај мажите.
Како што ракот на простата напредува во својот раст, се зголемува можноста за негово ширење надвор од простатата во околните ткива (локално ширење). Покрај тоа, ракот може да се прошири и во оддалечените органи и органски системи, што се вика метастазирање. Најчестите места на метастази на рак на простата се коските, белите дробови и црниот дроб. Симптомите и знаците на ракот на простата се, всушност, повеќе поврзани со ширењето на болеста во оддалечените органи отколку со локализираната болест во самата простата.
Раното откривање на карциномот обезбедува најдобра можност за излекување. Ако сте на возраст помеѓу 20 и 40 години, одете на преглед на секои три години. За постарите од 40 години, се препорачува да се прави преглед секоја година.

Имајте ги на ум осумте точки на Европскиот кодекс против рак

СПРЕЧУВАЊЕ:

1. Непушање.

2. Умерено пиење алкохол.

3. Избегнувајте прекумерна изложеност на сонце.

4. Контрола на здравјето и придржување кон правилата за превенција од изложеноста на познати карциногени.

5. Консумирање свежо овошје, зеленчук и друга храна богата со влакна.

6. Избегнување дебелина, зголемување на физичката активност и намалување на внесот на мрсна храна.

РАНО ОТКРИВАЊЕ

7. Посета на лекар поради секое задебелување, рани што не заздравуваат, промена на бенката или неприродно крвавење.
8. Посета на лекар поради долготрајни здравствени проблеми какви што се кашлица, засипнатост, промени во столицата, уринирањето или необјаснето слабеење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот