Обложувалниците ги објавија коефициентите: Англија најголем фаворит за освојување на Европското првенство

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Eвропското првенство летово во Германија ќе започне за неполни три месеци, а откако вчера беа пополнети и последните три  места познати се сите учесници на турнирот. Обложувалниците веќе ги анализираат шансите на учесниците и најголем фаворит во овој момент е репрезентацијата на Англија.

Англија е на врвот со најмал коефициент да ја освои европската круна, но блиску зад неа и Франција, а со оглед на формата третото место за домаќинот Германија можеби е мало изненадување.

Од балканските репрезентации највисоко е рангирана Хрватска со коефициент 41 се наоѓа на десеттата позиција. На дното со најмали шанси за сензација е репрезентацијата на Албанија.

КОЕФИЦИЕНТИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО:

Англија 4, Франција 4,5, Германија 7, Шпанија 8, Португалија 9, Италија 15, Белгија 15, Холандија 17, Данска 26, Хрватска 41, Швајцарија 41, Турција 51, Австрија 67, Србија 67, Шкотска 81, Унгарија 81, Украина 81, Полска 81, Чешка 101, Романија 151, Словачка 151, Словенија 151, Грузија 151, Албанија 201.

ВИДЕО: Комплетирани групите на Евро 2024, Украина и Полска се последните учесници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот