Објавено аудиото од полицајците од Балтимор за време на несреќата: „Само што се урна целиот мост“

Балтимор несреќа / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Вознемирувачка аудио снимка објавена од американските медиуми открива како полицајците од Транспортната управа во Мериленд ги блокирале возилата што поминувале преку мостот Френсис Скот Ки во Балтимор во последен момент, само неколку моменти пред да се урне.

Речиси целиот мост долг 2,6 километри се урнал за само неколку секунди откако во него удрил контејнерскиот брод Дали, кој пловел под знамето на Сингапур. Дали останал без струја и погон веднаш по испловувањето од пристаништето Балтимор, за што веднаш ја известил управата за транспорт во Мериленд.

„Мораме да го запреме целиот сообраќај, од двете насоки“, вели полицаецот на драматичната снимка објавена од Одделот за транспорт во Мериленд. Веднаш по прекинот на сообраќајот, на аудио снимката се слуша како полицајците зборуваат за работниците кои останале на мостот.

„Целиот мост само се урна“, вели диспечерот набргу потоа.

Градоначалникот на Балтимор вчера изјави дека полицајците кои го блокираа сообраќајот на мостот пред несреќата се „херои“.

Нуркачите денеска ќе бараат шест работници за кои се претпоставува дека загинале во водите околу остатоците од урнатиот мост во пристаништето Балтимор, објавија локалните власти.

Ударот на контејнерскиот брод на мостот, кој предизвика негово уривање, предизвика и затворање на пристаништето Балтимор на неопределено време. Тоа е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД, а катастрофата предизвика сообраќаен хаос во Балтимор и околниот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот