Насловни страници на броевите 16 и 17 од списанието „Современи дијалози“

Објавени се два нови броја на списанието „Современи дијалози“ на Македонското научно друштво во Битола

Македонското научно друштво – Битола ги објави броевите 16 и 17 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ за 2025 година, кое се издава со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Списанието го уредува редакција во состав: Весна Мундишевска Велјановска (главен уредник), проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, проф. д-р Силвана Нешковска и доц. д-р Анита Ангелевска (уредници), во соработка со меѓународен уредувачки одбор во состав: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), вонр. проф. д-р Михо Нонака (Јапонија/ САД), Олга Лалиќ-Кровицка (Полска), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија).

На околу 400 страници, застапени се вкупно 103 книжевници (подредени по азбучен редослед) од кои во бр.16 застапени се 45, а во бр.17 застапени се 58 книжевници. Во рубриката „Поезија“ со нови поетски остварувања застапени се поетите: Даниела Андоновска-Трајковска, Елизабета Бандиловска, Александра Јуруковска, Ѓорѓи Калајџиев, Весна Мундишевска-Велјановска, Пунторие Муча-Зиба, Кире Неделковски, Силвана Нешковска, Зоран Пејковски, Раде Силјан, Виолета Танчева-Златева, Васил Тоциновски и Дејан Трајкоски.

Во рубриката „Проза“ објавени се авторите: Божин Андоновски, Цвете Димитриеска, Петре Димовски, Гордана Јовиќ Стојковска, Елизабета Јончиќ, Калина Малеска, Стефан Марковски, Марија Младеновска-Димитровска и Добре Тодоровски.

Во рубриката „Литература за деца и млади“ застапени се раскази и поезија од писателите Горјан Петревски, Ванчо Полазаревски, Љубинка Донева и Ели Маказлиева.

Со книжевна критика и текстови од областа на лингвистиката, театарот и музичката уметност, во рубриката „Согледби“ застапени се авторите: Анита Ангелевска, Даниела Андоновска-Трајковска, Гордана Гравчева-Ивановска, Јованка Д. Денкова, Милица Димитријовска-Радевска, Златко Жоглев, Елизабета Јончиќ, Сашо Огненовски, Борче Панов, Зоран Пејковски, Емилија Ристевска Стефановска, Александар Стефановски и Васил Тоциновски.

Во рубриката „Акценти“ застапени се прилози од бројните активности за одбележување на јубилејот 65 години постоење на Македонско научно друштво – Битола, а во бр.16 со пригоден текст одбележана е и 25-годишнината од смртта на ликовниот уметник Ранко Струмениковски.

Во рубриката „Паралели“, во соработка со триесетина преведувачи, објавени се 63 реномирани странски автори од 40-тина земји и тоа од: Австрија, Азербејџан, Аргентина, Белгија, Велика Британија, Индија, Италија, Конго, Египет, Израел, Иран, Ирска, Италија, Кина, Полска, САД, Саудиска Арабија, Турција, Филипини, Франција, Шкотска, Шпанија и други.

Во двата броеви на списанието објавени се 12 илустрации од ликовните уметници Бурхан Ахмети, Мери Димовска, Лутфу Капланоглу (Турција), Маријан Котевски, Јане Крстески, Златко Крстевски, Симона Мирчевска, Славица Михаилова и Звонко Тилев, како најава за секоја рубрика. Ликовен уредник е проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.

Кориците ги дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со илустрации од ликовните уметници Дијана Колонџоска и Васко Ѓоргиев. Списанието е достапно и во електронска верзија која може да се најде на веб-страницата на Македонско научно друштво – Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот