Објавена снимка од домот на Бојан Јовановски во друштво со Катица Јанева и Радмила Шекеринска?

Фото: Принтскрин

Во предизборниот период речиси секојдневно на јутјуб-каналот се објавуваат аудио и видеоснимки, во јавноста познати како „бомби“. Снимките се публикувани под различни имиња за различни цели.

Денеска на Јутјуб е објавена видеоснимка на која се гледа како во домашна атмосфера седи Бојан Јованоски-Боки 13 заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и уште една личност снимена одзади, за која, како се тврди на социјалните мрежи, е Радмила Шекеринска.

Видеото е објавено од корисник на Јутјуб со име „Боки и другарките другари-ки“ и трае 29 секунди.

Снимката најверојатно е направена со мобилен телефон од четврта личност во, како што се претпоставува, домот на Бојан Јовановски.

На почетокот на видеото испишано е „На гости кај Боки 13, Катица Јанева и?“ алудирајќи на прашањето која е третата личност која се гледа свртена со грб.

Во предизборниот период речиси секојдневно на јутјуб-каналот се објавуваат аудио и видеоснимки, во јавноста познати како „бомби“. Снимките се публикувани под различни имиња за различни цели.

Јовановски и Јанева на 18 јуни годинава беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“ и им беа изречени затворски казни со првостепена пресуда. За Јовановски 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а за Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

Видеото погледнете го на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот