Објавена снимка на која се слуша како Нетанјаху го искажува бесот кон еден министер: Дали си полудел?!

Фото: Принтскрин

Израелска телевизиска станица синоќа објави аудио снимка на која се слуша како премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, вика на еден министер и се обидува да се меша во прописите на телевизиското емитување.

Снимката е објавена само две недели пред парламентарните избори во Израел, кои се веќе втори избори оваа година.

Нетанјаху тежнее кон тоиа повторно да биде премиер, откако после изборите во април не успее да состави владејачка коалиција.

На него во октомври му се заканува и обвинение поради сомнение за корупција, вкучувајќи и уште два случаи за тајни договори со медиумите.

Аудиоснимката објавена на ТВ Канал 13 ја истакнува опседнатоста на Нетанјаху кон контролата не медиумите.

На снимката од 2017 година се слуша како Нетанјаху се дере: „Дали си полудел?“, обраќајќи му се на министерот за комуникации Ајуб Кара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот