Објавен трејлерот за документарецот за Биги Смолс на „Netflix“

Instagram

„Netflix“ го најави новиот документарен филм за „The Notorious B.I.G.“ познат и како Биги Смолс, со нов документарен филм.

Во понеделникот „Netflix“ го објави првиот трејлер за претстојниот филм „Biggie: I Got A Story To Tell“ кој својата премиера ќе ја доживее на 1 март.

Филмот ќе ја прикаже славата на легендарниот рапер од Бруклин и неговото наследство во музичката индустрија. Смолс почина пред повеќе од 20 години.

Од „Netflix“ најавуваат дека во документарниот филм ќе бидат прикажани досега невидени снимки, снимени од неговиот најдобар пријател, Демион Батлер „D-Roc“, со Шон Диди Комбс како извршен продуцент.

Трејлерот содржи интервјуа со најблиските пријатели и членовите на семејството на раперот со цел да понуди внатрешен преглед на животот на Биги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OldSchoolRaps (@oldschool_raps)

Биги се прослави преку ноќ“, вели Комбс, кој имаше значителен удел во кариерата на Смолс во 90-тите години на минатиот век.

Познат по бројните хитови меѓу кои и „Hypnotize“ и „Juicy“ раперот беше смртно застрелан на 24-годишна возраст во Лос Анџелес на 9 март 1997 година – приближно шест месеци по смртта на раперот Тупак Шакур, кој почина на ист начин во Лас Вегас.

Бев среќна што тој правеше нешто со својот живот“, вели неговата мајка во трејлерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот