Обамејанг е новиот рекордер на Арсенал

twitter/Arsenal

„Топчиите“ во текот на вчерашниот ден дојдоа до нов триумф во Премиер лигата дома над Норич со 4:0. Двапати во листата на стрелците за Арсенал се запиша еден од најдобрите играчи на клубот, Пјер-Емерик Обамејанг.

Моментно е на делба на првото место со Џејми Варди (Лестер) со 19 погодоци на листата најдобри стрелци сезонава цво Премиер лигата.

Годинава се шпекулира дека интернационалецот од Габон би можел да го напушти „Емирати“ и воедно се поврзува со двете најголеми шпански екипи, Реал Мадрид и Барселона.

Но, менаџерот на лондонскиот клуб, Микел Артета верува и инсистира дека неговиот играч има желба да остане.

Тој е среќен во клубот, може да види што се обидуваме да направиме. Ја добива шансата и секако можноста да биде уште подобар во игрите – рече Артета.

После дуелот со Норич, го надмина рекордот на клупската легенда на Арсенал, Тјери Анри. Французинот со Арсенал до 50 голови во Премиер лигата стигна после 83 натпревари, а тоа му успеа на Обамејанг за 79, уште еден доказ за неговата врвна форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот