Обамејанг е блиску до нов договор со Арсенал!?

twitter/Arsenal

Како што информираат британските медиуми, Пјер-Емерик Обамејанг (31) е блиску до продолжување на соработката со „топчиите“. Напаѓачот има важечки договор со екипата на Арсенал до 30 јуни 2021 година.

Во сезоната 2019/20 интернационалецот од Габон за лондонскиот клуб во Премиер лигата беше втор стрелец со 22 голови. Севкупно од јануари 2018 година кога дојде од Борусија Дортмунд, има 70 погодоци во 109 мечеви за премиерлигашот.

Беше најзаслужниот за освојување на ФА купот во победата над градскиот ривал Челси. Играчот е подготвен да потпише нов договор кој ќе трае до 2023 година со неделна заработка од 250.000 илјади фунти.

Веднаш после тоа финале, околу иднината на Обамејанг се огласи и менаџерот на клубот, Микел Артета.

Мислам дека сака да остане и е блиску да потпише нов договор. Тој е сакан од сите во клубот. Се надевам дека тој може да продолжи со нас – беа зборовите на Артета.

Вилијан синиот дрес го менува за црвен, во наредните три години ќе игра за Арсенал

Како што е веќе познато, досегашниот играч на Челси, Вилијан е блиску да се пресели на „Емирати“.

Исто така се шпекулира дека Арсенал се поврзува со централниот бек на Лил, Габриел Магалхаес, а воедно има интерес за купување на фудбалер од средниот ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот