Нуркач во Австралија бил каснат по глава од крокодил, но успеал да се спаси

Крокодил / Фото David Wall / Alamy / Profimedia

Крокодил каснал Австралијец за глава додека тој нуркал во морето во северен Квинсленд. Нуркачот успеал да го преживее нападот отворајќи ја устата на животното и повлекувајќи го за главата, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Маркус Мекгован нуркал со сопругата и група пријатели во близина на оддалечен остров кога сфатил дека некаква „вилица го каснала главата“. Отпрвин мислел дека е ајкула, но кога ја допрел сфатил дека се работи за крокодил.

„Успеав да му ја отворам вилицата и да му ја повлечам главата. Крокодилот повторно се обиде да ме зграби, но јас го оттурнав”, изјавил вчера Мекгован.

Австралиецот бил пренесен со хеликоптер во болница со исеченици по главата и рацете.

„Едноставно бев на погрешно место во погрешно време. Мило ми е што бев јас, а ниту едно од децата или дамата во групата“, рече тој, додавајќи дека му се чини дека се работи за млад крокодил.

Крокодилите кои живеат во морето можат да пораснат и до шест метри и тежат до 1000 килограми. Во Австралија има околу 100.000 морски крокодили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот