Њујорк тајмс: Бродот што превезувал амониум нитрат потонал во Бејрут во 2018 година 

Сателитска слика од Бејрут по експлозијата / 05 август 2020 / Фото: -HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Бродот Rhosus, од кој бил конфискуван амоним нитратот, опасна материја што најмногу се користи како ѓубриво и за правење експлозиви, потонал во пристаништето на Бејрут во 2018 година, соопшти синоќа Њујорк тајмс. 

Весникот се повикува на сателистки снимки и други податици за движењето на бродот. Како резултат на трагичната експлозија што се случи на 4 август во складиштата каде се чувал нитратот, загинаа повеќе од 150 луѓе а над 5.000 се повредени, а има уште десетици исчезнати. 

Како што јавија некои медиуми петходно, карго бродот испловил од Батуми, Грузија, бил натоварен со 2.75 илјади тони амонимум нитрат и пловел под молдавско знаме.  

Сателитска слика од Бејрут пред и по експлозијата / 4 – 5 август 2020 / Фото: -HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Се дознава дека таа партија на нитрат била произведена во фабриката „Азот” во грузискиот град Рустави. Во октомври 2013 година бродот Rhosus бил задржан од пристанишните власти на Бејрут поради груби нарушувања на правилата за експлоатација. 

Според Њујорк тајмс, бродот пристанал во Бејрут непланирано и дека веќе во 2015 година целиот товар од него бил веќе растоварен, додека пак во 2018 година карго бродот, во текот на неколку денови, потонал во северниот дел на пристаништето.  

Се вели дека потонатиот брод не пречел на навигацијата во пристаништето. Весникот дознава дека нитратот бил складиран на 450 метри од местото каде бродот потонал. 

Ова е рускиот тајкун кој го остави бродот полн со експлозивен товар во пристаништето во Бејрут (ФОТО)

Како што е веќе извесно, властите во Либан разгледуаат три верзии околу причината за експлозијата во бејрутското пристаниште: Небрежност, несреќен случај и предизвикано од надворешни сили како ракетен удар или ексползија на бомба. Поради случајот досега задржани се 20 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот