Њујорк ја отстранува статуата на Рузвелт на коњ покрај кого стојат црнец и Индијанец

Фото: Миа.мк

Трамп одлуката ја критикуваше и ја оцени како смешна. „Не правете го тоа!“ објави тој на Твитер во ноќта спрема понеделникот.

Градот Њујорк објави денеска дека ќе ја острани статуата на 26. американски претседател Теодор Рузвелт од центарот на Менхетн, поради неговите гледишта кои се сметаат за колонизаторски и расистички, на што се спротивстави претседателот Доналд Трамп.

Одлуката е донесена во моментот кога во САД, по смртта на црнецот Џорџ Флојд се преиспитува расизмот и се води расправа за спомениците кои го слават робовладетелското наследство на земјата.

Оваа бронзена статуа на Рузвелт која веќе 80 години ги пречекува посетителите на влезот во Американскиот природнонаучен музеј, го прикажиува поранешниот претседател, кој бил гувернер на државата Њујорк пред да влезе во Белата куќа, како седи на коњ, а покрај него стои црнец и Индијанец.

– Музејот бараше отстранување на статуата, бидејќи таа експлицитно го покажува обоеното и домородното население како потчинето и расно инфериорно, објасни Де Блазио.

Тој додаде дека Њујорк го поддржува барањето на музејот и дека е „правилна одлуката и вистинско време да се отстрани проблематичната статуа”.

На интернет страницата на музејот се наведува дека Рузвелт го сметале за прогресивен кој се заземал за заштита на околината, но и дека имал расистички гледишта.

Еден од неговите потомци, Теодорт Рузвелт IV рече деја ја поддржува таа одлука.

Рече дека споменикот не го претставува наследството на Рузвелт и дека е време да се отстрани.

Трамп одлуката ја критикуваше и ја оцени како смешна. „Не правете го тоа!“ објави тој на Твитер во ноќта спрема понеделникот.

Трамп неодамна побара да се фатат демонстраните кои во Вашингтон ги урнаа купот на конфедерацискиот генерал Алберт Пике.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот