Илустративна фотографија / СП. архива

Новороденче од Неапол со изгореници итно хоспитализирано во болница

Се претпоставува дека родителите го капеле детето во топла вода или користеле шампони кои не се соодветни за новороденче, иако полицијата не ја исклучува можноста за употреба на „варикина“.

Родителите на новороденче од Неапол (Италија) се уапсени под обвинение за занемарување на нивното новороденче кое е хоспитализирано во болница поради изгореници, објави Аги.

Засега полицијата не ги знае причините и потеклото на изгорениците на телото на новороденчето.

Се претпоставува дека родителите го капеле детето во топла вода или користеле шампони кои не се соодветни за новороденче, иако полицијата не ја исклучува можноста за употреба на „варикина“.

Родителите на детето пред извесно време биле апсени за занемарување и небрежност на дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот