Ново предупредување на Медведев: Поразот на Русија може да значи нуклеарна војна

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин го предупреди НАТО дека поразот на Русија во Украина може да предизвика нуклеарна војна, додека поглаварот на Руската православна црква рече дека светот ќе заврши ако Западот се обиде да ја уништи Русија, пренесува Ројтерс.

Таквата реторика има за цел да ја одврати воената алијанса НАТО предводена од САД уште повеќе да се вклучи во војната, во пресрет на состанокот на украинските сојузници на кој ќе се разговара за испраќање на повеќе оружје за Киев.

Но, експлицитното признавање дека Русија би можела да загуби на бојното поле означи редок момент на јавен сомнеж од истакнатиот член на внатрешниот круг на Путин.

„Поразот на нуклеарна сила во конвенционална војна може да предизвика нуклеарна војна“, рече поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој служи како заменик-претседател на моќниот совет за безбедност на Путин, во објавата на Телеграм.

„Нуклеарните сили никогаш не изгубиле големи конфликти од кои зависи нивната судбина“, рече Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година.

Медведев рече дека НАТО и другите одбранбени лидери, кои треба да се сретнат во петок во воздухопловната база Рамштајн во Германија, за да разговараат за стратегијата и поддршката за обидот на Западот да ја порази Русија во Украина, треба да размислат за ризиците од нивната политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот