Ново обвинение против Хантер Бајден за даночни престапи

Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против синот на американскиот претседател Џо Бајден – Хантер Бајден, соопшти синоќа Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори.

Бајден вчера беше обвинет пред федералниот суд во Лос Анџелес за учество во четиригодишна шема за избегнување плаќање даноци во вредност од околу 1,4 милион долари, соопшти Министерството за правда.

Хантер Бајден е обвинет за вкупно девет точки – три даночни престапи и шест даночни прекршувања – и доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со максимална казна од 17 години затвор. Станува збор за даночно затајување, неплаќање даноци и поднесување лажни даночни пријави во периодот од 2016 до 2019 година.

Во октомври, Хантер Бајден се изјасни за невин по обвиненијата дека лажел дека не користел дрога додека купувал пиштол.

За првпат во САД е обвинет син или ќерка на актуелен претседател.

Специјалниот обвинител Дејвид Вајс ги покрена овие обвиненија против Хантер Бајден, откако претходно предложениот договор за признавање вина беше спречен на распит од судија.

Специјалниот обвинител што го истражува Хантер Бајден работи во Лос Анџелес во последниве недели на собирање докази и сведоштва и преземање депозити од повеќе сведоци како дел од федералната истрага за деловните афери на Бајден Џуниор, објави Си-Ен-Ен минатиот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот