Ново истражување: Надеж за целосно обновување на оштетената мрежница

Фото: Pexels/ Kush Kaushik

Новата студија носи надеж за потенцијално обновување на видот кај пациенти кои страдаат од дегенеративно заболување на мрежницата.

Истражувачкиот тим од „Институтот за клиничко испитување во Монтреал“, Канада, откри дека е можно да се поттикнат клетките кои се во мирување во мрежницата и да ги трансформираат во клетки кои ни овозможуваат да ги перцепираме боите, да читаме и да возиме.

Наследните дегенерации на мрежницата се болести предизвикани од губење на светлосензитивни клетки во мрежницата на задниот дел од окото. За жал, кога овие клетки се дегенерираат поради болест, тие не се заменуваат и пациентот страда од оштетување на видот, што може да премине до целосно слепило. Иако, во моментов постојат различни пристапи, како што е генетската терапија, кои нудат надеж за забавување или блокирање на прогресијата на губењето на фоторецепторните клетки, овие техники не можат целосно да ги вратат изгубените клетки. Според тоа, тие не се корисни за пациентите кои се веќе во напредната фаза на болеста.

Во пристапот што ја заобиколува потребата за трансплантација, тимот на д-р Мајкл Кајует најде начин да ги реактивира, оштетените и неактивните клетки во мрежницата и да ги трансформира во оние слични на нервите, што на крајот би можеле да се искористат за замена на клетките изгубени при дегенерација на мрежницата. Идентификувавни се два гена кои, кога ќе се активираат во т.н. клетки на Милер, можат да се претворат во ретинални неврони. Она што е интересно е дека овие клетки на Милер се познати по тоа што ја реактивираат и регенерираат мрежницата кај рибите, кај цицачите, вклучувајќи ги и луѓето, вообичаено не се реактивираат, а истражувачите сè уште не дознале зошто.

„Ова е возбудлив напредок во однос на трансплантацијата на клетки, бидејќи еден ден можеби ќе можеме да ги искористиме клетките кои вообичаено се присутни во мрежницата и да ги стимулираме да се регенерираат клетките изгубени поради патолошки состојби кои ќе го вратат видот!“, објаснува Аџеј Дејвид, докторант во тимот на д-р Мајкел Кајует и коавтор на студијата.

Врз основа на досегашниот успех, научниците сега планираат да ја усовршат ефикасноста на оваа техника и да најдат начин да промовираат целосно созревање во конусни фоторецептори кои би можеле да го вратат видот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот