ВИДЕО | Ново чудо во Турција: 12-годишно дете извадено од урнатините 260 часа по земјотресот

Спасители Турција/ Фото: Sezgin Tolga/NARphotos/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Уште едно чудо се случи во Турција, откако дванаесетгодишно дете беше спасено од урнатините на зграда во Антакија, во провинцијата Хатај, 260 часа по разорните земјотреси што во понеделникот минатата недела ги погодија јужните делови на Турција, јавува Анадолија.

Екипите за пребарување и спасување од под урнатините на зграда во населбата Екинци го извлекоа детето Осман Халебија, странски државјанин.

Тој беше извлечен жив од урнатините 260 часа или речиси 11 дена по разорните земјотреси.

По спасувачката акција детето со возило на Итна помош било пренесено во болница.

Анадолија претходно објави дека во провинцијата Караманмараш била извлечена жена (42), која преживеала 257 часа под урнатините.

Според последните податоци, во разорниот земјотрес во Турција загинале 38.044 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот