Новите херои: Запознајте ги луѓето кои ја тестираат новата вакцина против коронавирусот (ВИДЕО)

Истражувачка станица во Сиетл започнала да тестира експериментална вакцина против коронавирусот и до сега се пријавиле 45 доброволци кои ја примиле.

Меѓу нив е и Нил Браунинг, кој вчера ја примил вакцината.

– Почуствував дека треба да направам нешто за општото добро, рекол Браунин, инаку татко на три деца.

Инаку, експерименталната вакцина не го содржи самиот вирус, туку произведува протеини кои ги создава Ковид-19, а тестот треба да покаже како организмот се брани од тоа.

Вчера Џенифер Халер (42)  од американскиот град Сиетл стана првиот човек на кој е искористена вакцина за коронавирусот.

На прашањето дали била известена за ризиците и нус ефектите од вакцината, таа вели дека фактот што вакцината не го содржи самиот вирус бил многу битен за неа. Додаде дека непознатото „секогаш е тука“, но дека и за неа најбитен е фактот што е дел од процесот на откривање како да се спречи на ширењето на новиот коронавирус кој ќе му помогне на човештвото.

Тестирањето што се одвива во Институтот за здравствени истражувања е финансиран од Националниот институт за здравство, а официјалните претставници информираат дека ќе бидат потребни до 18 месеци за целосно да се провери дали вакцината е ефикасна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот