Новиот сингл на „Код 369“ носи мистична атмосфера на месечева ноќ (ВИДЕОСПОТ)

Битолскиот состав „Код 369“, кои полека, но сигурно, стануваат регионално препознатливи, снимија сингл и спот за песната „Мјесечина“. Станува збор за нивниот втор сингл издаден на хрватски јазик за „Кроација Рекордс“.

Видеото во продукција на „Encore Media Production“ и Дејан Трајчевски јасно ја пренесува мистичната атмосфера на месечева ноќ. Овојпат, фронтменката на групата, Ирена Димовска, го испеа „искрениот порив на секое човечко суштество да ги надмине личните и општествените очекувања со инспирација и трудољубивост“, посочуваат од „Кроација Рекордс“.

Групата „Код 369“ е продолжение на долгогодишните музички активности на членовите на групата „Памперс“, а со новиот проект тие во својата музика внесуваат нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации, кои се преплетени во препознатливата рок-база.

Со уникатен израз помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп-музика, „Код 369“ ги воодушевуваат слушателите со своите авангардни идеи. Текстот за новата песна го напиша пејачката Ирена Димовска, музиката е на Даниел Митревски, а за аранжманот, покрај Митревски, се задолжени Иле Лулевски и Коста Стеваноски.

– Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечки порив кон најдоброто во себе – истакнуваат од „Кроација Рекордс“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 158, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 10-11 декември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот