Нови обвиненија против Рон Џереми, му се заканува казна од 330 години затвор

Foto: EPA-EFE/ROBERT GAUTHIER

Кога ќе се соберат сите обвиненија кои се поднесени против порноактерот Рон Џереми, максималната казна затвор ќе изнесува повеќе од 300 години.

Обвинителите подгинаа седум дополнителни тужби за сексуални напади против познатиот порноактер Рон Џереми, поради што сега, ако му се земат во предвид и претходните обвиненија, му се заканува затворска казна поголема од 300 години.

Седум нови точки кои се поднесени во окружното обвинителство во Лос Анџелес вклучуваат тужби од шест жени и датираат од 1996 година, се наведува во соопштението на обвинителството.

Тужителите тврдат дека во периодот од 1996 година до 2002 година Џереми злоставувал најмалку 23 жени. Најмладата жртва имала само 15 години.

Доколку Џереми биде осуден по повеќе од 30 точки од обвинението, ќе се соочи со максималната казна од повеќе од 300 години затвор, пренесува NBC News.

Адвокатот на Џереми вели дека е изненаден од дополнителните обвиненија.

– Чудно е што се намножуваат во овој момент. Тој не негира дека бил со некои од овие жени, но тоа било според договор, изјави адвокатот.

Сексуалното злоставување на 15-годишната девојка за кое се терети наводо се случило на забава северно од Лос Анџелес 2004 година. Многу други инциденти наводно се случиле во барот во западен Холивуд, се наведува во соопштението.

Foto: EPA-EFE/DAVID MCNEW

Да се потсетиме, Рон Џереми се појавува во повеќе од 2.000 филмови за возрасни, почнувајќи од 1970-те години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот