Нови МОРНИЧАВИ детали од животот на милијардерот педофил – Добил три 12 годишни девојчиња како ПОДАРОК за роденден (ВИДЕО)

Џефри Епстајн, озлогласениот милијардер педофил, по новооткриените документи, од Франција донел три девојчиња (12) од сиромашни фамилии. Тие наводно се пратени за него како роденденски поклон.

Вирџинија Џафре, која тврдела дека Епстајн и неговата пријателка Жислен Максвел ја присилиле да биде секс робинка кога имала 15 години, рекла дека по новите судски документи дека финансиерот злоставувал девојчиња кои ги вратил во Франција веќе наредниот ден.

– Најлошото што го имав слушнато е дека овие убави девојчиња, од 12 години биле испратени тука за неговиот роденден. Тоа било изненадување од еден од неговите пријатели, а тие дојдоа од Франција. Ги видов и ги запознав – рекла таа.

– Епстајн откако се запозна со нив, се фалеше дека тие имаат 12 години и дека се од Франција. Рече дека луѓето таму се многу сиромашни, а дека на нивните родители им требаат пари – истакна таа.

Овие наводи се откриени во судските документи од 2015 година, како дел од граѓанската парница кога две лица го тужеле Епстајн, покрената против САД во 2008 година. Тие тврделе дека се прекршени сојузните закони за жртвите од криминалот.

Епстајн одслужил само 13 месеци затвор откако ја признал вината за секс со малолетничка. Неодамна се обеси во затвор во Менхетн, додека беше под обвинување за трговија со луѓе.

Вирџинија рекла дека Епстајн и опишал како девојките го масирале и орално го задоволувал, пренесува Дејли Мејл.

– Продолжи да зборува како се купени во Париз од нивните родители и дека им се понудени пари, виза и кариера како модели – рекла таа.

Истата граѓанска тужба е поднесена против обвинителството во Мајами, а во која се наведува дека млади девојки се носени од Јужна Америка и Источна Европа за да имаат секс со Епстајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот